Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина
Последниве неколку години, вештачката интелигенција (ВИ) од тивка технолошка револуција прерасна во тема што ги засега сите – од обичните граѓани, преку бизнис лидерите, до државните политики. Можеби некој ќе рече дека ВИ е само уште еден тренд, дел од аналитичарите велат дека ВИ, дијалогот и возбудата околу него се преценети (overhyped) други пак алармираат дека е потценет (underhyped), но доволно е да се погледне што прават водечките компании во светот за да се види дека станува збор за темелна промена на начинот на кој живееме, работиме и размислуваме.
Пишува: Валентин Нешовски / 15.10.2025
Последниве неколку години, вештачката интелигенција (ВИ) од тивка технолошка револуција прерасна во тема што ги засега сите – од обичните граѓани, преку бизнис лидерите, до државните политики. Можеби некој ќе рече дека ВИ е само уште еден тренд, дел од аналитичарите велат дека ВИ, дијалогот и возбудата околу него се преценети (overhyped) други пак алармираат дека е потценет (underhyped), но доволно е да се погледне што прават водечките компании во светот за да се види дека станува збор за темелна промена на начинот на кој живееме, работиме и размислуваме.


На пример како што забележува авторот Ендрју В. Пирсон во својот блог “AI — The Hype of All Hypes?” (август 2025), под наслов Преценета, премногу продавана и со преголеми ветувања (“Overhyped, Oversold, Overpromised… Is AI flaming out or speed bumping?”, во јавниот дискурс сè почесто се поставува прашањето дали вештачката интелигенција е навистина револуција — или само уште еден технолошки меур што ќе пукне.
За разлика од него Ерик Шмит, поранешен извршен директор на Google, и други тврдат токму спротивното. Во својот TED говор од 2025 година насловен (ВИ револуцијата е потценета („The AI Revolution is Underhyped“), Шмит истакнува дека вистинската трансформација допрва доаѓа — дека ВИ не е преценета, туку напротив, длабоко потценета, бидејќи нејзиниот опсег на влијание ќе биде многу поширок од сегашните предвидувања.
Шмит практично е на светска турнеја и во разни настапи предупредува дека следуваат драматични промени за кои луѓето не се свесни и дека големите корпорации треба да подзапрат и дури паузират говорејќи за силни потреси од очекуваната Генерална вештачка интелигенција (ГВИ).
Токму затоа, овој текст не е само преглед на најновите достигнувања, туку и обид да се објасни што тие значат – особено за оние кои првпат се среќаваат со темата. Текстот на крајот вклучува и препораки за земјите од Балканот кои се склад и со Позицискиот документ на И-Хи Тинк-тенк.
Придобивки од ВИ – и опасности
Што може добро да ни донесе ВИ?
Придобивки од ВИ
Кога зборуваме за придобивки од ВИ, многу луѓе веднаш мислат на роботи и автоматизација — но придобивките се далеку пошироки.
Нов материјал и наука
ВИ може да забрза откритија во физика, хемija, биологија — модели можат да предвидуваат молекули, материјали со нови својства, да го скратат периодот од идеја до експериментална проверка.Лекови и здравство
Генеративните модели веќе помагаат да се дизајнираат нови молекули, да се идентификуваат потенцијални лекови, и да се предвидат несакани ефекти. Тоа значи побрзо откривање, поевтини истражувања и терапии прилагодени на пациент.Зголемена продуктивност
Во деловниот свет, ВИ може да ги преземе рутинските задачи (прегледи, сортирање, анализи), да асистира при пишување на документи, да дава предлози и да ги оптимизира процесите. Така луѓето се фокусираат на креативни, стратешки работи.
Но опасностите не се помали:
Губење работни места
Најизложени се рутинските административни работи, вработените во центри за поддршка, белоколоничарски позиции што зависат од обработка на информации (финансиски услуги, банкарство, осигурување). Не е дека ќе исчезнат сите, но ќе се трансформираат силно.
Според проценките на McKinsey, до 2030 автоматизацијата може да "исчисти" стотици милиони работни места. sevenpillarsinstitute-org.sevenpillarsconsulting.comЛажни вести, манипулации, дезинформации
ВИ моделите можат да генерираат убедлив текст, видео и аудио — што значи дека злонамерни актери можат полесно да шират лажни вести, deepfake клипови и манипулации. Тоа го загрози јавниот дискурс, медиумската доверба и стабилноста на демократијата.
Трансформативна моќ
Не станува збор само за технологија — станува збор за реорганизирање на системите: образование, здравство, инфраструктура. Државите што ќе ги искусат трансформациите порано може да добијат огромна конкурентска предност; оние што се остават зад може да доживеат растечки јаз.
Како ВИ ќе влијае врз економијата и работата?
Ова е прашањето што најмногу ги загрижува обичните луѓе. Ќе остане ли моето работно место? Ќе ме замени ли машината?
Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка:
До 40% од работните места се изложени на ризик од автоматизација.
Посебно загрозени се административните работници, техничката поддршка, возачи, па дури и дел од здравствените услуги.
Но, се отвораат и нови можности:
Обуки за управување со ВИ системи,
ВИ етика,
Дигитална анализа,
Нови индустрии што денес не постојат.
Главниот предизвик ќе биде преквалификацијата – како да ги подготвиме луѓето за иднината.
Во следнава табела прикажуваме како ВИ влијае врз одредени области со споредба помеѓу традиционалните и новите ВИ работни процеси.
Во следнава табела се прикажано проекции (споредби подготвени со помош на Chat GPT 5 на кого му дадовме да користи извори од World Economic Forum, 2023; IMF, 2024; McKinsey Global Institute, 2023 и OECD Employment Outlook, 2023 ) за влијанието врз работната сила по сектори врз основа на податоци од
Најновите ВИ достигнувања по компании
Големата петорка на пазарот – Опен АИ, Гугл Дип Мајнд, Мета, антропик и Х-Аи водат беспоштедна борба за унапредување на ВИ и привлекување што поголем број корисници и компании. Во последниве 2 седмици излегоа дузина нови производи.
OpenAI
OpenAI е компанијата зад ChatGPT – веројатно најпознатиот ВИ продукт во светот денес. Но зад оваа платформа стојат многу повеќе иновации.
GPT-4 Turbo Agents: Личен асистент кој не само што разбира што му велите, туку и учи од вас со текот на времето, извршува задачи самостојно и комуницира со други виртуелни асистенти. Тоа се GPT-4 агенти – дигитални „работници“ што можат да ви заштедат време и енергија. Наједноставните презентирани самостојно извршени задачи – разервира и плаќа (со ваша дозвола) купување билети за опера, спортски натпревари или нарачува храна.
Sora 2: Предизвика огромен интерес во целиот свет. Тоа е нов генеративен модел што може да создава видео содржина од едноставен текстуален опис. На пример, ако напишете „куче трча по плажа за време на зајдисонце“, Sora 2 може да создаде реалистично видео на таа сцена. Ваков вид алатки ќе се користат во филмска продукција, маркетинг, но и едукација.
Google (DeepMind)
Google преку својата ВИ-подружница DeepMind се позиционира како лидер во научно ориентираната ВИ.
Gemini 1.5 Ultra: обработка на подолги текстови („long context“). Овој модел има способност да „се сеќава“ на многу подолги разговори и документи, што го прави одличен за посложени задачи поддржувајќи до ~1 милион токени– за правни анализи, научно истражување или развој на софтвер.
Task-Executing Agents: Google развива ВИ агенти што можат да извршуваат реални задачи, како закажување состаноци, пишување извештаи или управување со е-пошта. Замислете административен асистент кој никогаш не спие.
Meta / Llama 4
Најновиот модел на Meta е Llama 4 — мултимодален модел кој работи и со текст и со слики/видео.
Достапни верзии: Llama 4 Scout и Llama 4 Maverick — Scout може да работи на една GPU машина, со голем контекстен прозорец (~10 милиони токени) и цел да биде енергетски ефикасен. Моделот Llama 4 Behemoth се споменува како идно проширување, но неговото објавување е одложено.
Meta AI апликацијата користи Llama 4 за помош во прашања, анализа, пребарувања и решавања проблеми во апликации како Instagram, WhatsApp, Messenger.
Anthropic / Claude 4
Anthropic го објави Claude 4 на 22 мај 2025 со два главни модели: Claude Opus 4 и Claude Sonnet 4. Opus 4 е насочен кон сложени задачи, кодирање и автономни AI агенти, со способност да работи долгорочно без губење на фокусот. Sonnet 4 е насочен кон „помали“ задачи, но со добар баланс на перформанси и ефикасност.
Во август 2025, беше објавена и Claude Opus 4.1, подобрување на Opus 4, особено за кодирање, агенциски задачи и прецизност.
xAI / Grok 4
Последниот модел на xAI е Grok 4, и тој е моментално најнапредниот кој се користи во интеграции со X (поранешен Twitter).
Grok 4 има проширен контекстен прозорец и е дизајниран да се користи со алатки и пребарување во реално време.
Што е ГВИ и дали е реална закана?
ГВИ значи Генерална вештачка интелигенција – систем што може да учи и решава широк спектар на задачи, исто како и човек. За разлика од денешните ВИ модели што се специјализирани за одредени работи (на пример, превод, генерација на текст, играње шах), ГВИ би била флексибилна и самостојна.
Некои експерти, како истражувачите од OpenAI, веруваат дека ГВИ ќе се достигне во наредните 2–3 години. Други се поскептични. Но што значи тоа за светот?
Постои концепт наречен „сингуларност“ – момент кога машините ќе станат попаметни од луѓето и ќе почнат самите да се унапредуваат, со експоненцијална брзина. Тоа би можело да доведе до радикални промени, како економска нестабилност или дури и губење контрола над одлуките што ги носат тие системи, особено ако поради способностите на една таква ГВИ (да се самонадградува, самата да се шири и да има смисла за опстанок) се достигне супер вештачка интелигенција (СВИ). Илјадници пати поумна од човекот.
ВИ безбедност: зошто е важна?
ВИ безбедноста се занимава со прашањето: „Како да се осигураме дека ВИ ќе ни служи, а нема да нѐ загрози?“ Поточно се занимава со вредносната усогласеност на ВИ со потребите на човекот (Alignment)
Тоа не значи само да спречиме робот да ни наштети. Станува збор и за спречување на:
ширење лажни вести,
злоупотреба на ВИ за воени цели,
создавање пристрасни или манипулативни системи.
Развиени се цели научни поддисциплини што се фокусираат на „усогласеност“ (alignment) – односно како да се програмира ВИ да ги разбере и почитува човековите вредности. Сепак постојат низа истражувачи кои велат дека големите компании не посветуваат доволно внимание на усогласувањето туку се влезени во трка по ГВИ што е огромна опасност по човештвото.
Препораки за Балканските држави
Иако земјите од Балканот не се технолошки џинови, тоа не значи дека треба да останат на маргините на ВИ револуцијата.
Еве неколку реални, економски одмерени чекори што можат да се преземат:
Донесување национални стратегии за ВИ, кои ќе опфатат етички и правни аспекти.
Воведување ВИ во образованието, не само како предмет, туку и како алатка.
Поддршка на стартапи и мали фирми кои развиваат иновативни ВИ решенија.
Соработка со универзитети и меѓународни институции за истражување и обука.
Програми за преквалификација, особено во секторите најизложени на автоматизација.
Истражување на можноста за Универзален Основен Приход (UBI) како начин да се заштитат најранливите граѓани.
Кампањи за ВИ писменост, за граѓаните да знаат што е реално, а што не.
Вештачката интелигенција не е фантастика туку реалност. Не е ниту апсолутно добро, ниту апсолутно зло. Засега ВИ е алатка, а ние сме тие што одлучуваме како ќе ја користиме.
За Балканот, ова може да биде можност за скок во нова ера – но само ако се дејствува навреме, паметно и инклузивно. Ако ги оставиме ВИ трендовите да нѐ водат, ризикуваме да бидеме само корисници. Ако се подготвиме, можеме да бидеме и креатори.