Новини од ВИ
И-ХИ Тинк-тенкот започнува серијал во кој на секои 15 дена нашите експерти ќе подготвуваат блог-текстови со најновите поместувања во сферата на Вештачката интелигенција.
Тргнуваме од премисата дека во ова хипердинамично време, креаторите на јавното мислење (opinion makers) и носителите на одлуки (decision makers) треба да имаат сублимиран и брз извор на податоци и трендови — кондензирана слика за тоа каде се движи светот на ВИ.
Kimi, WAICO и Pax Silica:
светот се дели и околу вештачката интелигенција
Кина сè побрзо ја намалува технолошката предност на САД во вештачката интелигенција, нудејќи поевтини и поотворени модели како Kimi. Паралелно, преку WAICO гради поширок политички и технолошки круг на влијание, додека САД со Pax Silica се обидуваат да ги зацврстат синџирите на чипови, енергија и инфраструктура меѓу доверливи сојузници. Новата AI-трка веќе не е само натпревар меѓу компании, туку борба за стандарди, пазари и глобална мека моќ.
Автор: Валентин Нешовски, 30.07.2026
Што прави ЕУ за да ги подготви младите за иднината со вештачка интелигенција
Европа не стои во место додека се судираат Генерацијата Z и Генерацијата AI — веќе сега се случуваат реални политики и реални промени во училниците.
Повеќе политики, акти и конкретни активности покажуваат дека ЕУ не ѝ пристапува на вештачката интелигенција како на чисто технолошка трка, туку како на општествена трансформација — трансформација што бара правила, образование, учество и долгорочна подготовка на младите. ЕУ свесно се позиционира како глобален лидер во обликувањето на AI преку регулација, образование и јакнење на младите, наместо да го остави нејзиното влијание исклучиво на пазарните сили.
ВИ и младите: нешто меѓу можност, анксиозност и паметен избор (2026–2030)
Вештачката интелигенција за младите повеќе не е „технологија на иднината“. Таа веќе е дел од начинот на кој учат, пишуваат, кодираат, дизајнираат, комуницираат — и сè повеќе, начин на кој ја замислуваат иднината и кариерата. Вистинското прашање повеќе не е дали ВИ ќе ги обликува животите на младите, туку колку добро младите ќе бидат подготвени да влијаат врз ВИ. И дополнително како таа ќе се развива.
Големата трка и навигaцијата низ лавиринтите на ВИ
Последните 15 дена, како и претходните, фронтот на Вештачката интелигенција експандира – но се чини дека тоа се случува во експрес лонец. Прашањето е: дали човештвото ќе биде доволно мудро да зготви добар ручек, или лонецот ќе експлодира без контрола?
Bridgewater Joy Residence
Co-designed by the world-renowned architect James Smith, our Bridgewater Joy residences offer top views of the nearby lake Michigan. Perfect for a small family, a professional couple, or anyone looking to set up a home office.
Pleasantview Gem Inn
Not just pleasant on the outside, our Pleasantview Gem Inn properties are especially popular among families. With underground parking and floor-to-ceiling windows, there's no shortage of natural light or space.








